Изгледа дека разводот на бракот на Моника Белучи е добра вест за еден милионер. Станува збор за Телман Исмаилов, кој воедно е и претседател на фудбалскиот клуб Беитар во Ерусалим.
Азербеџанскиот портал Haqqin.az ја објави приказната дека славната италијанска актерка Моника Белучи веќе 4 години е во тајна врска со претседателот на фудбалскиот клуб Беитарод Ерусалим, Телман Исмаилов.
57-годишниот богаташ Телман Исмаилов, таа го има запознаено во 2009г., кога отпатувала за Турција на отворање на луксузен хотел во негово сопствеништво, а изгледа и дека токму тој е причината за распадот на нејзиниот 14-годишен брак со Французинот Винсент Касел.
Азербејџанскиот претприемач е познат потоа што е голем заводник. Наводно, наЏенифер Лопез и платил половина милион евра за да му пее на роденденската прослава во 2006г. Таа добила и посебен подарок од него – златен микрофон, украсен со дијаманти. Тој им подарувал милиони и на Мараја Кери, ТомЏонс… а, на неговите раскошни забави имаат присуствувано и Шерон Стоун, Парис Хилтон и Ричард Гир.