Мултикултурна училишна приредба

За крај на оваа учeбна година и одбележување на 20 годишниот јубилеј на Викториското училиште за јазици во Кило Деонс, учениците од сите јазични групи (Македонски, Хрватски, Турски, Грчки) приредија незаборавен настан пред многубројната публика.

Тие подготвени од своите наставници, се претставија со рецитали, драматизации, песни, традиционални ора и хумор. Учениците имаа прилика и да ја проследат претставата ‘Алиса во земјата на чудата’ со Дона Димовска Кантаровска.Преку овие приредби децата докажуваат дека се спремни и сигурни да го зборуваат македонскиот јазик, да го запознаваат фолклорот, историјата и со тоа да им се развие интересот за негово понатамошно изучување. Гости на приредбата беа и генералниот конзул на Република Македонија во Мелбурн, Австралија – Бети Коруновска како и јазичниот асистент од Министерството за образование на Македонија, Лидија Нарашанова. Тие ги поздравија настапите на учениците но и ентузијазмот и посветеноста од страна на наставницте, родителите, бабите и дедовците кои спомагаат за зачувување на јазикот во училиштата. Присутните ги поздрави и заменик директорот на ова училиште, Тони Тодоровски, кој го истакна значењето од изучувањето на јазикот, посветеноста и професионализмот на наставниците во училиштето. Исто така апелираше до сите родители и роднини да ги запишуваат децата во училиштата каде се предава македонски јазик. Водители на програмата на македонски јазик: Ана Цаковска и Вероника Миновска. И за да се задржи и понатаму македонската јазична програма во училиштата, апелираме повторно до сите родители да ги запишат своите деца до крајот на овој месец. Тоа можат да го сторат со пополнување на формуларот за упис на веб страницата: www.vsl.vic.edu.au и отворете на Enrol/упис. За повеќе информации и детали можете да се обратите до некое од училиштата каде се предава македонскиот јазик или директно до главната канцеларија на VSL на тел: 9474 0500

Останати вести