Минатиот четврток се одржа изборот за градоначалник во општина Витлси.
Во изминативе четири години повеќепати имаше градоначалник од македонско потекло. Нашата Мери Лалиос својата градоначалничка функција на изборот му ја предаде на младиот Рики Киркхам, кој во наредните 12 месеци ќе биде првиот човек на општината. Во оваа општина како советник е и Стево Козмевски кој овојпат не се номинираше за функцијата.