Австралискиот олимписки комитет им забрани на своите спортисти да консумираат алкохол за време на Зимските олимписки игри во Сочи.
– Членовите на репрезентацијата ќе можат да консумираат алкохол само надвор од олимпиското село и тоа само чашка до две, се вели во соопштението на Австралискиот олимписки комитет.
Челниците на Австралискиот олимписки комитет најавија дека нема да го толерираат и лошото однесување на спортистите за време на Игрите.
– Нашата цел е достојно да ја претставуваме Австралија на Игрите во Сочи, изјави шефот на олимписката мисија на Австралија, Џен Честерман
Австралија на Летните олимписки игри во Лондон, 2012 година, имаше најлош учинок во последните 20 години, што предизвика револт во јавноста која ја обвини репрезентацијата дека во Лондон повеќе биле сконцентрирани на забава, отколку на натпреварување.
Особено беа критикувани членовите на пливачката репрезентација, а најмногу Џош Бут, кој беше уапсен од полицијата, бидејќи се опијани и почна да ги крши излозите.
13 Aug 2024