Дознаваме дека на последното натпреварување за најдобро кафе во Австралија, првата награда за кафето “макијато” ја освои нашиот познат музичар Самко Алиев, кој е сопственик на bb’s cafe во Brand Junction.
Со сигурност следниот пат кога сте во северните предградија на Мелбурн ќе посакате да го вкусите најдоброто кафе во градот кое го подготвува Самко на адреса Shop T25, Brand Junction, University Hill Bundoora, Victoria, 3082 (наспроти RMIT University).
Од нас упатуваме честитки до мајсторот Самко но и лично се уверивме во квалитетот на неговото “макијато”.
13 Aug 2024