Најдолги летови на светот: Дали толку би издржале?

Титулата најдолг комерцијален лет досега ја носеше Сингапур Ерлајнс, но од следниот месец ќе ја преземе Квантас

 

Најдолго патување со авион без преседан го нуди сингапурскиот авиопревозник и тоа меѓу Сингапур и Њуарк (15.300 километри за 18 часа), но наредниот месец ќе се укине таа линија.
Оваа титула ќе се препише на рутата меѓу Сиднеј и Далас долга 13.700 километри.
Кога станува збор за траењето на летот, досега беше најдолг лет од Лос Анџелес до Сингапур, кој траеше 18 и пол часа, и покрај тоа што таа рута, во однос на Њуарк-Сингапур е пократка за 2.400 километри.
Имено, летот го успоруваат ветровите над Пацификот, додека патот од Њуарк води преку Северниот пол.
Новата титула за временски најдолг лет ќе му припадне на авио превозникот Делта, кој сообраќа меѓу Јоханесбург и Атланта во траење од 17 часа.

Останати вести