Во организација на Македонскиот Просветно Училишен Одбор на НЈВ, во Сиднеј по седми пат се одржа Натпреварот по рецитирање на македонски јазик за учениците од основните училишта.
И оваа година, традиционално, домаќин беше Основното училиште во Карлтон.
Преку сто и педесет ученици од македонско потекло рецитираа на чист македонски јазик. Одлично подготвени учениците се трудеа што поубаво да ја изрецитираат својата стихотворба.
Рецитирањето е древна македонска вештина , која се негува во училиштата на македонски јазик во НЈВ.Оваа вештина им овозможува на учениците да ја зголемат својата самодоверба, својата меморија или памтењето, а истовремено и да го надминат стравот од зборување пред други луѓе.
Сите ученици заслужуваат пофалба за вложениот труд, честитки и до вредните наставници кои ги подготвија учениците, а особена пофалба заслужуваат грижливите родители кои најдоа време и во сабота ги донесоа децата на Натпреварот.
Жири комисијата во состав Иван Трпоски- поет и хроничар, проф. д-р Ирена Вељанова – долгогодишен активист и Славица Ристеска – професорка по македонски јазик во СЦ Когра, потврдија дека сите деца заслужуваат пофалба за својот труд , но одлучија оваа година наградите да ги добијат:
Од забавиште
Алекса Димовска од Carlton PS
Stage 1( 6-8 god)
1. Мартина Гергис од Carlton PS
2.Стефан Марковски од „Filip II” Peakhurst
3. Никита Стојановска од МЕОU „11-ti Оktomvri” Yagoona
Stage 2 ( од 8-10год)
1. Силвија Велјанчевска од Carlton PS
2. Вероника Трпчевска од MEU „Nikola Karev “Bonnyrigg
3. Ема Маневска од „Dame Gruev” Wollongong
3.Илина Трифуновска од „ Kliment Ohridski” Rockdale
Stage 3: (од 11-13 год)
1. Мичел Талевски од „Kliment Ohridski” Rockdale
2. Игор Марковски од Carlton PS
3. Ангела Маркоска од МЕОU „11-ti Оktomvri” Yagoona
Жаклина Михајлова -Учителката
13 Aug 2024