Од 4 – 7 септември 2013, Австралиско Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) (AMHRC), ќе одржи Научна конференција за поделбата на Македонија и Балканските војни од 1912-1913, во просториите на: Монаш Универзитетот во Мелбурн (Monash University Law Chambers, 555 Lonsdale St. Melburne, Victoria, Australia).
На оваа конференција ќе земат учество познати научници – професори на катедри при светските универзитети од Канада, САД, Република Македонија, Германија и Австралија.
Присуствувајте на овие предавања воMonash University Law Chambers, 555 Lonsdale St. Melburne, Victoria, Australia, што ќе се одржат од 4 -7 септември 2013
Реномираните научници ќе настапат со следните теми:
– Професор Ендру Росос, Универзитет на Торонто: Балканските војни (1912-13) и поделбата на Македонија: Историска перспектива
– Професор Виктор Фридман, Универзитет на Чикаго: Влијанијата на поделбата на јазиците кои што се зборуваат во Македонија
– Професор Катерина Колозова, Универзитет Американ колеџ, Скопје: Историјата како случајност и како основа на национален идентитет
– Професор Кит Браун, Инситутот Ватсон, Браун Унивезитетот: Како патува траумата
– Професор Питер Хил, Унивезитет на Хамбург: Поделбата во врска со подоцнежната кодификација на македонскиот јазик
– Професор Лоринг Данфорт, Бејтс колеџ: Од поделбата на Македонија до создавањето на прекуграничниот Парк “Преспа”
– Професор Кристина Крамер, Универзитет на Торонто: Политиката на поделување на јазици и статусното планирање во Македонија
– Др. Акис Гаврилидис, Универзитет Македонија, Солун: Кој беше ослободен во 1912?
– Др. Џим Хлавач, Универзитет Монаш, Мелбурн: Анализа на македонскиот јазик во Австралија
– Професор Грајс Филдер, Универзитет на Аризона: Поделба и јазичен идентитет
– Џорџ Влахов, АМКЧП: Преглед на Македонското прашање
– Др. Васко Настевски, АМКЧП: Поделбата на Македонија и меѓународни закони
– Пандора Петровска, Универзитет Латроб, Мелбурн: Јазикот и минатото
– Професор Далибор Јовановски, Универзитет Кирил и Методи, Скопје: Грчка историографија и Балканските војни
– Др. Мајкл Серафиноф: Македонска литература и Балканските војни
Конференцијата ќе заврши на 7-ми Септември 2013 г. со одржување на триесетата годишна вечеринка на Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, каде што припадниците на македонската заедница ќе имаат можност да се сретнат со научниците.
Се планира да се издаде книга која ќе биде зборник на сите реферати изнесени на конференцијата, со цел истата да се подели во библиотеките на установите за високо образование.
За повеќе информации за програмата обратете се на:
Australian Macedonian Human Rights Committee Inc.
Suite 106, Level 1, 55 Flemington Road
North Melburne, Victoria 3051 Australia
Ph: +61 3 9329 8960
E-mail: info@macedonianhr.org.au
Web: www.macedonianhr.org.au