Hавременa дијагноза на болеста

На 18ти август беше одржана информативна сесија посветена на здравјето на мажите, во машката група од Витлси.

Целта на оваа сесија беше да се подигне свеста кај мажите за редовно посетување на докторот и навремено дијагностицирање на болестите. Македонската Добротворна Организација во соработка со “Foundation 49” (организација која се грижи за здравјето на мажите) организира различни видови на материјали кои ќе помогнат во подигање на свеста кај мажите за важноста на лекарските прегледи. Истите им беа поделени на сите членови од групата кои беа присутни на оваа сесија. Во МДО се надеваме дека во иднина ќе се организираат повеќе вакви сесии и дека пораката ќе биде пренесена пошироко во Македонската заедница.

Катерина Митревска
Project Worker
Ageing Community Crime Prevention and Awareness
Special Projects Department
Macedonian Community Welfare Association
TOLL FREE 1800 988 767

Останати вести