Не емигрирај во Австралија ако не сакаш да бидеш со нас

Мајката на детето што беше фотографирано со отсечена глава во Сирија и било дозволено да отпатува со децата од Австралија два месеци откако АСИО знаел дека мажот Калед Шаруф избегал со лажен пасош.

Сопругата на овој фанатизиран и крвав дегенерик се вика Нетлтон, таа е со плава коса родена во Австралија и е со англиско потекло, има пет деца од бракот за што добивале солидна социјална помош од државата. Калед избегал од државата со пасошот на неговиот брат, додека сопругата и децата заедно со бабата заминале од Австралија во Малезија во февруари 2014 година. Мајката на Нетлтон се вратила назад додека другите заминале за Сирија. Трите малолетни синови се сликани со Калед облечени во војнички униформи со наоружување. Инаку, ова куче на војната редовно на интернет се фали со своите крвави и сурови убиства. Многу често фундаменталистите се прикажуваат себе како колат заврзани луѓе и им ги сечат главите.
Владата на Австралија има намера да стави крај на терористите–туристи кои добиваат социјална помош во Австралија, а одат да се борат како исламски фундаменталисти. Искуството на државата е дека две третини од оние што се бореле во Авганистан потоа станале терористи и дел од нивните келии. Пораката до нив од Владата е ако емигрирате и сакате тука да живеете ќе треба да бидете дел од тимот на Австралија. Интересот на оваа држава, вредностите и нејзините луѓе се први, и не мигрирајте тука ако не ви се допаѓа.
Прајминистерот Тони Абот во Сиднеј изјави: “Ако заминете од оваа земја како државјанин, или жител за да се придружите на терористичка група во странство, тоа е нелегално. Кога ќе се вратите во Австралија ќе бидете уапсен и осудени. “
Владата на Абот најави дека ќе оддели дополнителни 630 милиони долари за тајната служба АСИО, за федералната полиција и за граничната служба.

Останати вести