1.
Еден македонски селанец го извеле пред суд затоа што на најбезобразен начин ја пцуел владата, и поради навреда на “Груевски и ВМРО–ДПМНЕ” бил осуден на парична казна од 400 евра.
“Имате ли да кажете уште нешто?” го прашал судијата.
Селанецот се почешал по главата.
“Би имал да кажам уште многу нешта”, рекол најпосле. “Но не по таа цена.”
2.
Викториската мултикултурна комисија – мултикултурни дотации за фестивали и настани 2013/14 ја затвора токму оваа недела втората можност за апликации, за настани од 1 јануари до 30 јуни 2014 година.
Апелираме до инкорпорираните организации со над 20 членови да аплицираат бидејќи наскоро истекува рокот.
За повеќе информации заинтересираните можат да одат на www.multicultural.vic.gov.au/grants/apply-for-a-grant
3.
Минатава седмица имаше апсење на “шпиони” во Македонија, започна судењето на Паско Кузман за “Фаланга 2”. Се обзнани дека преговарачот за името Метју Нимиц има конфликт на интерес, ембарго со Косово, излезе и обвинување дека опозициониот лидер Зоран Заев имал конфликт на интерес со даден тендер на негов роднина итн.
Вака е буквално секоја недела, се случуваат неверојатни сценарија. Кој се сеќава веќе за инвеститорот Субрата Рој, аеродромот на сред Охридско Езеро, панорамското тркало во Скопје…до каде е судот за новинарот Кежаровски, потоа истрагата за убиството на децата на Смилковското Езеро, до каде е законот за бранители од 2001, што станува со пописот? Власта буквално си го режира своето владеење, бега од вистинските проблеми што требаше да ги решава, за што доби мандат од граѓаните. Слаба опозиција има Македонија, затоа власта е толку аздисана…
4.
Зошто постојано се врти вниманието на јавноста од една тема на друга, без завршница.
Одговорот го дава накратко еден од најголемите бизнисмени од македонско потекло. Ристо Гуштеров за состојбата во која се наоѓа државата вели: Време е да се симнеме на земја и објективно да се согледаат состојбите со сиромаштијата и да се бараат излезни решенија.
Македонија има помалку инвестиции од протекторатот Косово и од Црна Гора која има половина милион жители.
5.
Дознаваме од организаторите на турнејата на хумористичниот театар “Солзи и Смеа”, дека таа ќе биде откажана. Сега се најавува дека театарот ќе дојде на почетокот на 2014 година.
6.
Миле Терзиовски декан на Интернационалната школа за бизнис на Универзитетот на Јужна Австралија во интервју објаснува за Македонците од дијаспората што инвестирале во Македонија од нејзината независност во 1991 година. Меѓутоа, интересот што го покажуваат македонските иселеници во Австралија за инвестиции во татковината се намалува со текот на годините.
13 Oct 2024