Одлуката на министерто за имиграција Скот Морисон, да се оневозможи на бегалците без држава да бараат постојан престој во Австралија е одбиена од Врховниот суд во Канбера.
Судиите едногласно гласаа против привремената виза за безбедност од седум дена за бегалците – која потоа им оневозможува да бараат постојан престој. Случајот кој беше даден како пример на судот е за бегалец од Мјанмар, кој пристигнал на Божиќните острови во декември 2013 година, тој бил вистински бегалец, но наместо да добие виза за заштита како азилант тој подоцна добил виза за привремено засолнување што потоа оневозможува добивање на перманентна виза.
После оваа одлука министерот Морисон ќе ја разгледа можноста дали ќе се овозможи за бегалецот кој на судот е познат само како S4, да добие перманентна виза.
13 Oct 2024