Федералната влада ќе бара невработените да бараат работа секојдневно, притоа аплицирајќи за 40 работни места во месецот и ќе треба да имаат 25 саати неплатена работа неделно.
Подетално тригодишната програма за вработување, што ќе чини 5,1 милијарда долари, ќе биде започната од јули 2015. Повеќето невработени ќе мораат да аплицираат постојано за рбаота и тоа ќе биде задолжително за сите под 50 години старост.
Помладите од 30 години ќе мораат да работат 25 саати во неделата, а оние од 30 до 60 години ќе се бара да работат 15 саати неделно неплатена работа за стекнување искуство.
Во новите измени се бара оние што се под 30 години да не можат да добиваат социјална исплата за невработеност шест месеци, иако ќе бидат принудени интензивно да бараат вработување.