Оскаровката Никол Кидман за списанието Венити фер зборувала за својот брак со Том Круз, повторно, истакнувајќи дека тие биле Бред Пит и Анџелина Џоли на 90-тите години.
Дванаесет години по разделбата од Том Круз, Никол Кидман вели дека и’ олеснило што интересот кој го предизвикувале избледнал, иако сака да се сеќава на тој период.
„Постои нешто во таква врска кога сте сконцентрирани еден на друг, па паѓате во некој вид балон, и едноставно сте опиени еден од друг и воопшто не ѝ обрнувате внимание на јавноста. Сигурна сум дека Бред и Анџелина го имаат тоа, а тоа нешто никој друг не може да го разбере освен лицето што спие до вас”, изјавила Кидман.
Таа додала и дека била многу млада кога се венчала со Том и дека не баш знаела што прави, но дека сега е на вистинскиот пат, бидејќи ја сретнала вистинската љубов.
„Мојот брак со Кит Урбан е многу мирен. Кога човек го работи ова што го работам, тешко е да му се посвети на семејството и мора да се прават големи жртви. Првата беше што се преселив од Лос Анџелес во Нешвил, бидејќи тој град е подобар за моето семејство”, заклучила Кидман.
02 Dec 2024