Никол Кидман тврди дека не користи ботокс, фотографиите покажуваат друго

На одбележувањето на петтата годишнина од манифестацијата „Моќ на жените”, која е одржана во петокот на Беверли Хилс, се појавила Никол Кидман. Со изгледот на лицето внесла доволно сомнение во вистинитоста на нејзините изјави дека повеќе не користи ботокс.

46-годишната холивудска актерка упорно тврди дека нејзиниот изглед е потполно природен. Таа признала дека порано одела на третмани за вбризгнување ботокс, но дека од тоа, поради лошите резултати, се откажала.
Никол тврди едно, но најновите фотографии му противречат на кажаното. Без ниту една брчка на лицето и со чудна насмевка тешко е да се поверува дека за нејзината младоликост е заслужна мајката природа.
Собраната коса го открила нејзиното лице, па вештачкиот изглед уште повеќе дошол до израз. К. А.

 

Останати вести