Новоизбраниот прајминистер Тони АБот го претстави својот владин кабинет – но во исто време доби критики од опозицијата преку Крис Бовен, бидејЌи имал малку жени во кабинетот.
Бовен изјави дека ова е тажен ден за австралиската политика и дека земјата отиде наназад.
Прајминистерот Абот за својот кабинет вели дека е еден од најискусните во историјата на коалицијата и покажува и промоции на новите таленти.
Единствена жена во кабинетот е Џули Бишоп. Софи Мирабела која требаше да седне на министерска позиција беше поразена на изборите. Искусната Бронвин Бишоп ќе биде новиот претседател на парламентот.
Владата на Тони Абот ќе ја сочинуваат: Џо Хоки (федерален благајник), Матиас Корман (финансии), Ендру Роб (трговија и инвестиции), Џули Бишоп (надворешни работи), Скот Морис (имиграција), Питер Дутон (здравје и спорт), Кристофер Пајн (образование), Барнаби Џојс (земјоделие), Грег Хунт (животна околина), Иан Мекферлан (индустрија) и Давид Џонстон (одбрана).
Од другата страна моментално опозицијата е без лидер после оставката на Кевин Рад. Со неговиот експеримент кој го наметна веднаш после соборувањето на Џулија Гилард партијата ќе биде оставена во привремен менаџмент. Партијата ќе биде обезглавена бидејки ќе се чека гласањето на 40,000 членови на лабуристичката партија кои вредат 50 проценти, а другите 50 проценти од гласот за лидер ќе го даваат парламентарците од Канбера. Кнадидати за опозиционен лидер се Антони Албаниз и Бил Шортен.
02 Dec 2024