Мелбурн го обнови договорот најмалку за пет години за задржување на трката во Алберт Парк, договорот ќе го чини градот 250 милиони долари.
После повеќе од една година преговори, договорот е потпишан во Лондон. Премиерот Денис Наптин смета дека ова е извонредно добра вест и значаен за понатамошната стратегија на градот.
Минатата година градот од трката имаше загуба од 50 милиони долари, а се очекува дека и нареднава година ќе биде слична ситуацијата. Во Мелбурн оваа трка се одржува од 1996 година, кога ја презема од Аделаид.
13 Aug 2024