Нова македонска социјална група во Yagoona

Македонско Австралиската Добротворна Организација од Сиднеј продолжува со своите активности посветени на македонската заедница од Сиднеј и областа на Илавара. Би сакале да ги информираме членовите на македонската заедница дека, во Yagoona, се формира нова македонска социјална група која се состанува двапати месечно во Yagoona Senior Citizens’ Centre – Cooper Rd, Yagoona, NSW, 2199 .

На состаноците членовите на групата добиваат важни информации за здравјето и целокупната благосостојба. Исто така, континуирано се одржуваат информативни сесии и во врска со користењето на услугите од разни служби и програми. За некои од овие информативни сесии се покануваат гости-професионалци, од разни организации и служби.

Дел од времето се користи и за меѓусебно дружење и споделување на личните искуства. Во планот на активностите е и да се прават лесни физички вежби, како и организирање на заеднички излетии.

Ако сакате да се дружите и стекнете нови пријателства, да научите повеќе и да го подобрите својот социјален живот, повелете и бидете учесник во активностите на оваа нова група.

Состаноците се одржуваат секој втор ПОНЕДЕЛНИК во 12.30 часот попладне. За времињата на состаноците погледнете го распоредот на групата.
Место: Yagoona Senior Citizens’ Centre – Cooper Rd, Yagoona

 

Monday  Понеделник 

 4

August  Август

Monday  Понеделник 

18

August  Август

Monday  Понеделник 

 8

September Септември

Monday  Понеделник 

 22

September Септември

Monday  Понеделник 

 13

October Октомври

Monday  Понеделник 

 27

October  Октомври

Monday  Понеделник 

 10

November Ноември

Monday  Понеделник 

 24

November Ноември

Monday  Понеделник 

8

 December Декември

Monday  Понеделник 

22

December Декември

 

За повеќе информации во врска со активностите на оваа нова група јавeте се во Македонско Австралиската Добротворна Организација од Сиднеј, на 9597 5455.

Лихнида Бахчанџиева – Тасеска
Project Coordinator – MACIHAP (Macedonian Age Care Improvements and Healthy Aging Program)

Останати вести