Пoвеќе од 40,000 членови на лабуристичката партија заедно со 85 парламентарци и сенатори од Канбера ќе го бираат новиот лидер на партијата. Новите правила што ги наметна Кевин Рад како негов траен спомен за реформи, што го наметна веднаш после сменувањето на Џулија Гилард, налага бирањето на лидерот да се изврши 50 со 50 проценти, од членството и избраните претставници.
Сега сигурно сите во партијата се чешаат за главата како ќе се имплементира ова чудо од Кевин Рад. Дали партијата ќе биде посилна или многу поослабена во зависност од сите фракции, синдикати и разни махинации? Условот за членовите на партијата да гласаат за лидер е да бидат две години претходно членови.Кандидати се Бил Шортен, 46, од Мелбурн и Антони Албанизи, 50, од Сиднеј. За Бил Шортен се смета дека има влијание во голем број од синдикатите во работничката партија, и во минатото нашата заедница имаше средби со него, така што тој е добро запознат со тоа што го бараат Македонците од Австралија. Од другата страна Антони Албанизи е поранешниот втор човек на Кевин Рад и беше еден од главните двигатели за смената на Џулија Гилард.
13 Oct 2024