Поранешниот министер за надворешни работи на Австралија, Боб Кар ја повика Владата на Австралија да размисли за воведување забрана Австралијците што се бореле во Сирија, да се враќаат во земјата.
Кар тврди дека бил посоветуван дека евентуалната забрана Австралијци да се враќаат од сириската граѓанска војна би била незаконска, и тоа ќе ги остави без национална припадност, но ја повика владата да пронајде законска варијанта за остварување на таа цел. Безбедносни претставници стравуваат дека Австралијците би се радикализирале од судирите во Сирија и би ја зголемиле терористичката закана кога ќе се вратат во земјата.
02 Dec 2024