Опозиционата Лабуристичка партија на Викторија има конфорна предност пред Коалицијата еден месец пред закажаниот избор.
Во сабота, на 29 ноември се гласа на државниот избор во Викторија, а опозицијата според истражувањата води со 52 наспрема 48 проценти, и тоа е истиот процент што беше забележан во месец август. Доколку и на денот на изборите се задржи оваа предност тоа ќе значи 12 седишта предност за опозицијата, а Коалиционата влада ќе биде првата со еден мандат во изминативе шест декади.
Како утеха за Либералите е дека премиерот др. Денис Наптин има 16 проценти предност над опозициониот лидер Даниел Ендрус, кој за многумина е непознат.
13 Aug 2024