Ослободете се од киселините со помош на овие намирници

Дали некогаш сте почувствувале вашиот стомак да ви жари или да ви се враќа наназад храната која сте ја изеле, а сето ова било пропратено со болка во долниот дел од градите.

Таа појава ја предизвикуваат киселините кои се предизвикани од лошото варење и нездравата исхрана. Прочитајте која храна е добро да ја конзумирате кога имате киселини.

Банана – Бананата има природно дејство против киселините. Таа помага кај лошото варење. Најмалку една банана дневно ќе ја спречи појавата на киселини.

Портокали – Портокалите се богати со витамин Ц што е добро за варењето. Меѓутоа, дали сте знаеле дека портокалите исто така се добри и против киселините. Портокалите се богати со природна киселина која ја намалува количината на киселина во желудникот и телото.

Ѓумбир – Ѓумбирот е одличен против киселините. Тој ја намалува количината на киселини во телото. Конзумирајте ѓумбир со цел на природен начин да ја намалите болката предизвикана од киселини.

Зелка – Зелката е богата со влакна и е многу добра во лечењето на киселините. Природните влакна и ензимите во зелката ја намалуваат количината на киселини во телото.

Овесни снегулки – Овесните снегулки се богати со влакна и антиоксиданси. Вклучете една порција од овесните снегулки дневно во исхраната со цел да ги спречите проблемите со желудникот.

Морска храна – Рибата содржи таурин кој ја намалува количината на желудечната киселина.

Млеко – Млекото е добро да го пиете кога имате киселини бидејќи е богато со калциум. Исто така, во комбинација со медот, млекото го намалува воспалението на желудникот.

Јогурт – Јогуртот е богат со антиоксиданси и калциум што го помага процесот на варење. Една шолја јогурт во денот ќе ја спречи појавата на киселини.

Останати вести