Управата на МПЦ “Успение на Пресвета Богородица” најавува бројни активности во пресрет на свечениот чин на осветување на изградената катедрална црква.
Иако една од најмладите општини во Мелбурн, тие со голем труд и ентузијазам во изминативе безмалку 20 години од основањето на општината, може да се пофалат со импозантен објект и низа големи достигнувања. Оваа црковна општина е основана на 5 март во далечната 1995 година, и има импресивна црква и социјален клуб.
Се планира осветувањето на црквата да се одржи во сабота, на 17 јануари 2015 година, а за тој голем настан ќе допатува од Македонија и владиката Тимотеј, кој заедно со свештениците ќе го изврши свечениот чин.
Во меѓувреме најавено е започнување со градба на нов центар и паркинг со 92 места, а дрвениот објект што е сега социјален клуб, порано наменски беше користен како црква, прво во “Св. Никола” во Престон а потоа и како “Успение на Пресвета Богородица” во Сиднам, управата го нуди бесплатно доколку има нов иницијативен одбор што сака да отвори Македонска црковна општина.
13 Aug 2024