Една жена од Бризбен е обвинета за содомија, откако полицијата октрила видео снимки во нејзиниот мобилен телефон, на кои наводно се гледа како има секс со своето куче.
Полицијата отпрво ја испитувала Џена Луис Дрискол поради продавање дрога, а кога ѝ го прегледале телефонот во потрага по докази за тој случај, откриле нешто сосема неочекувано – поголем број на шокантни видеа. 25-годишната Џена наводно на три видео снимки се гледа како има сексуални односи со животно.
Џена, која е од Квинсленд, во средата се појавила на суд и ѝ била одобрена кауција која потоа ја уплатила и сега ќе се брани од слобода.
„Ова не е нешто што нормално би го очекувале. Ваков сличен случај се случи пред неколку години, сигурно тоа не е нешто за кое често слушаме”, изјавил Марк Товненд од тамошната полиција.
Содомијата не е вклучена во австралискиот закон за заштита на животинските права. За да го одведат кучето од нејзината куќа, мора да докажат дека над него се извршувале сурови дејства, дека било малтретирано.
Откако излегла од затвор, Џена била фотографирана како по улица шета со неидентификуван маж и куче – пит бул.
02 Dec 2024