Една недела откако забраната за носење бурка беше симната, тројца го испробаа обезбедувањето на парламентот во Канбера.
После нивниот обид за медиумите изјавија дека се задоволни што не им било дозволено да влезат без да се идентификуваат, и им било побарано да ја извадат покривката на лицето. Сепак сметаат дека не смее да се дозволи ниту приод на зградата со покривка, а триото најави дека следниот пат ќе пробаат да влезат во банка идентично облечени.
Триото смета дека никој не смее да има пристап на јавни места доколку се крие од јавноста.
Ќе биде интересно како ќе реагираат службите следниот пат на оваа досетлива тројка.