Пеце Наумовски, славниот каратист, успеа да се искачи на врвот на националниот натпревар во карате на Австралија што се одржа од 1 до 3 август 2014 во Перт, во спортската сала HBF Arena.
Пеце беше избран од Викториската Карате Федерација да учествува на ова првенство.
Оваа година Пеце напорно тренираше за да може да достигне до националното првенство на Австралија. Во најтешките борби тој успеа да ги покаже неговите вештини дека е вистински каратист што може да ги употреби сите сили и да успее до финалето.
„Последната борба ми беше најтешка но успеав да го добијам со техниката на мојот тренер (Сенсеи)” изјави Пеце.
Тој го освои златниот медал во јуниорска категорија за борби, под 68кг. По добивањето на златниот медал тој беше избран да учествува и во Викторискиот тим за тим борби. И таму Пеце успеа да освои уште еден златен медал.
Пеце на овој национален натпревар успеа да се закити со два златни медали.
„За мене овие златни медали се Иленденски медали бидејќи на тој ден беше македонскиот празник” изјави Пеце.