Ако поради главоболка земате различни таблети полни со хемија и разни штетни состојки, размислете за природните методи кои нема да му наштетат на вашиот организам само затоа што имате главоболка.
Топла вода со лимон – Иако половина исцеден лимон во чаша млака вода може да се консумира секое утро за да го исчисти телото од токсини, овој пијалок е одличен лек и кога се јавува главоболка. Ќе се чувствувате подобро со секоја голтка.
Чај од ѓумбир – Ѓумбирот има добар ефект врз циркулацијата и делува против воспаленијата. Покрај тоа, тој успешно ја лечи главоболката.
Чај од нане – Нане е растение кое има многу корисен ефект врз дигестивниот систем, го освежува здивот, но исто така ги релаксира мускулите и нервите, така што делува смирувачки и ја намалува главоболката. Чајот од нане може да ве ослободи од тешки главоболки.