Трета женска лига на Викторија, север
Пленти Вали Лајонс – Латроб Универзитет 2:1
Во недлата на 25 август, женскиот тим на Пленти Вали Лајонс го освои шампионатот во третата женска лига север. Со победата од 2 спрема 1 на домашен терен против второпласираната екипа на Латроб Универзитет. Леринчанки навистина имаат со што да се гордеат. Женскиот тим кој се формира во 2010 година под водство на тренерот Ицо Николаидис успешно се натпреваруваше и оваа година заслужено го освои својот прв голем трофеј.
Екипата на Пленти Вали Лајонс, која ги игра своите домашни натпревари на Sycamore Reserve во Мил Парк, полека станува и расадник на таленти и допрва ќе се слуша за нејзините достигнувања во иднина.