Женската екипа на Пленти Вали Лајонс успешно ја заврши сезоната и од следната ќе биде промовирана во Втората државна лига на Викторија.
Екипата на Леринчани ја завршија сезоната со 48 бодови, непоразени и со шест поени над второпласираната екипа на Латроб Универзитет. Клубот Пленти Вали Лерин има осум тимови и е извонреден претставник на Македонската заедница во Викторија, а Лавиците се вистинска гордост бидејќи во 18 натпревари не дозволија ниту еднаш да изгубат, победувајќи во 15 средби и имаа три нерешени резултати.
13 Oct 2024