На прослава организирана од премиерот на НЈВ Мајк Беир, минатиов четврток, во Сиднеј, македонскиот почесен конзул за НЈВ Ристо Балаловски се сретна со Виктот Домонело, министер за државјанство и заедниците на НЈВ.
На средбата, Балаловски ги поздрави напорите и постигнувањата на министерот Доминело и либералната влада за осигурувањето НЈВ да остане силна мултикултурна држава, каде сите државјани ги уживаат основните слободи и права кои се гарантирани за слободен живот, посебно во овие интернационално бурни времиња. Почесниот конзул потенцираше дека за жал овие слободи не се достапни за сите Македонци во некои земји на Балканот, и исто така се заблагодари на господин Доминело за неговата силна и постојана поддршка во напорите за зачувување на богатото културно наследство на македонската заедница во НЈВ.
13 Aug 2024