Со неуморен дух и почит кон своите прадедовски корени, Божидар Стојановски – Бошко преку својата “Македон продукција” оствари забележливи успеси во афирмацијата на македонската традиција во Сиднеј.
Беше уредник и водител на многу слушани радио програми, соработуваше со истакнати македонски новинари, музичари и пеачи, координираше и бројни хуманитарни активности. Овој неуморен деец од дијаспората извесно време соработуваше и со македонските неделни весници од Мелбурн, “Австралиско Македонски Неделник” и “Австралиско Македонски Денес”, но особено со радиостаниците ширум Република Македонија и со редакцијата на “Битолски весник”. Неговите прилози “Своето пред туѓото” поврзани со дејностите на македонските бизнисмени во дијаспората беа посебно успешни. Божидар Стојановски изврши силна афирмација на активностите што ги остваруваше македонската етничка заедница во Нов Јужен Велс
Тоде Кабровски
13 Aug 2024