За прв пат Австралија Пост е на пат да забележи загуба како бизнис оваа година.
Минатата финансиска година бројот на писмата бил намален за 5 проценти, додека оваа година се предвидува дека тоа намалување ќе биде над 10 проценти, што минатогодишната загуба од 328.4 милиони долари ќе ја дуплира. Загубата се смета ќе биде толку голема што ни високопрофитниот дел со испраќање пратки минататa година, што би остварил 337 милиони долари профит, нема да биде доволен за да ја ублажи.
Како солуција управата на поштата предлага владата на Австралија да им дозволи да ги зголемат цените за праќање писма и да се наплаќа дополнително за три вида на испраќање на писма: “регуларно”, “приоритет” и најскапото “експрес”.
“Регуларното” праќање ќе зема дополнителни еден до два дена, споредено со “приоритет” кој ќе зема пет дена за достава. Најскапиот вид на праќање “експрес” ќе биде со итна достава од понеделник до сабота. За пензионерите и оние што добиваат концесија цената ќе остане иста до 2017 година.