Потребите на заедницата

Дознаваме се случила промена во Советот на Македонската заедница за Викторија, при што претседателот Роберт Трајчески дал оставка од водечката позиција.

Адвокатот Роберт заедно со својата сопруга Анета станаа родители по трет пат и разбирливо е младата фамилија да биде преокупирана со приновата во својот дом. Од име на весникот им честитаме на раѓањето на Филип и им посакуваме на гордите родители здравје и среќа.
Местото на претседател на советот го зазема сега заменик претседателот Александар Мојсовски, кој повеќе години беше на таа функција.
За 4 јули, со почеток во 19:30 часот во Barry Road Community Centre во Лајло, е најавен координативен состанок со друштвата и организациите од заедницата.
Причината за овој состанок е да се зголеми соработката и да се слушнат за потребите на македонците во Викторија..

Останати вести