Нова политика – се напушта обврската за позитивен буџет

Полн со самодоверба, лидерот на опозицијата Тони Абот, го изнесе 10 годишниот план за Австралија на службеното отворање на предизборната кампања, кој вклучува обновување на целосно суфинансирање на здравственото осигурување, намалување на бирократијата и зголемување на стапката за одрбана.

 

Она што е новина е дека доколку биде избрана Либералната Влада, не се обврзува дека буџетот ќе биде вратен во позитива пред  крај на четиригодишниот мандат. Наместо тоа ги замоли гласачите да имаат доверба во него и се обврза дека ќе води компетентна влада која нема да донесе изненадувања или чуда.

Давајќи збор “нема да ве изневериме” ги повика гласачите на претстојните избори да гласаат за промена.

Иако последните анкети на Ферфакс и Нилсен покажуваат дека Абот има подобри шанси да стане следниот прајминистер, извори блиски до Лабуристичката партија веруваат дека се уште постои можност нешто да се смени, бидејќи гласачите се загрижени околу плановите за намалување на потрошувачката што би ги вовела новата влада.

Останати вести