Во прекрасниот амбиент на Емпориум Рецепцијата во Бенкстаун, и насмеаните лица на повекебројните присутни, играорните групи на М.К.У.Д “Преспа” ни се претставија со сплет ора со кои ги одушевија гостите, а доказ за тоа беа долготрајните аплаузи наменети за играорците.
По уметничкиот настап на играорците, веселбата во свои раце ја презеде Петар Јованов – Пецката, кој со убави песни и ора буквално ги крена на нозе сите присутни. Со такво расположение се дружевме се до после полноќ.
Покрај убавото и вкусно јадење и пиење, се разбира по традиција од страна на организаторите не беше изоставено и убавото и сочно преспанско јаболко.
Мендо Рабаџиевски
13 Aug 2024