Прва државна лига на Викторија, 20 коло
Лавовите доминираа на оваа средба, и после 7 минути игра Дани Баракат искористи грешка на одбраната за да ја затресе мрежата за 1–0.
После повеќе возбудувања на двете страни пред крајот на првото полувреме Киерен Фаругиа го зголеми водството на 2–0.
Во второто полувреме Престон Македонија мудро ја држеше топката и успеа да зголеми на 3–0, со голот на Бале Мицовски, кој извонредно ја упати во голот нафрлената топка од Тони Стерјовски. Тоа беше доволно за оваа заслужена победа. Може да го истакнеме и уделот на Луис Фиелд, кој е еден од најконстантните играчи откако дојде во тимот на Лавовите.
Во недела, на 30 август, Престон Македонија на домашен терен ја пречекува екипата на Дајмонд Вали со почеток во 15 часот.