Пријатен пат за Ивана и Мануел

Минатава недела, во Atomic Barво Вилијамстаун, се одржа изложба на фотографиите и видео проекцијата на Ивана Чолаковска, првата Македонка што е на пат со амбиција да го обиколи светот со мотор. Ивана од Скопје со македонски пасош ги минува сите континенти.

Заедно со нејзиниот партнер, Шпанецот Мануел Торес, таа помина низ Европа, Азија до Австралија, посетувајќи 24 земји. Веќе 16 месеци таа е во движење со мотор. Ивана и Мануел имаа многу љубопитни моменти што ги споделија со присутните во Вилијамстаун, а ноќта исто така се собраа и средства за нивниот понатамошен пат.
Нивната следна дестинација е Јужна Америка, од каде се со намера да ги пројдат сите држави до Северна Америка, по што би завршиле со враќањето во Европа. Им посакуваме здравје и среќа во нивната поставена задача и како и досега Ивана да го вее македонското знаме насекаде.

Останати вести