Пример на успешен македонец

1.
Тоа што подолго време ние како весник укажувавме се потврдува. Индискиот Врховен суд донесе одлука со која му забрани на бизнисменот Субрата Рој и на директорите на групацијата “Сахара” да ја напуштат државата и да заминат во странство, пренесе индискиот весник “Тајм оф Индија”.
Судот донесе забрана и за продавање на кој било дел од имотот на компанијата, вклучувајќи ги и станбените објекти.

Ова е сериозна одлука и доаѓа откако групацијата “Сахара” не ја исполни одлуката за враќање на 4 милијарди долари на регулаторното тело СЕБИ, до 28 октомври годинава.
Сега прашањето е кој и колку ќе треба да се срами во владата на Македонија која упорно ги игнорираше сите што беа загрижени дека се врши измама и криминална неодговорност.
Најголемата фарма во Македонија му е дадена на овој авантуpист, со пpаво да ја отплаќа после една година користење?
Искреноста можеби нема да ни донесе многу симпатии од било која власт, но барем секогаш ќе ги имаме вистинските пријатели со нас, затоа што ќе ја кажуваме само вистината.

2.
Организаторот на концертот со групата “Модус” со Стојне Николова и Никола Кочан, сака да ги информира сите дека во Мелбурн ќе има само еден настап на оваа група, и тоа во петок, на 6 декември, во надалеку познатата Гранд Нерет pецепција.

3.
На премиерот Никола Груевски и на министерот за образование Спиро Ристовски, кои присуствуваа на отворањето на новото основно училиште во општина Чаир, “Конгреси и Манастирит”, не им пречеше што не беше испочитуван законот и на таблите на училиштето немаше македонски топоним, туку само името на албански јазик испишано на латиница и на кирилица.
Основното училиште “Конгреси и Манастирит”, или во превод Битолски конгрес, беше официјално отворено во пресрет на денот на албанската азбука, и го носи името каде што таа е унифицирана пред 105 години.
Од државниот буџет на Македонија за новото училиште во Чаир се потрошени околу 2 милиони евра.
Ако вакви грешки се прават во Скопје, каде нема ни 14 проценти Aлбанци, не треба да си видовид за да предвидиш што се случува во другите места.

4.
На сите оние што повторно се изгорени од инсталаторите на “бесплатната” сателитска програма од Македонија им препорачуваме да го прочитаат текстот на стр. 31.
Навистина симптоматично е како тоа сигналот за Австралија се наплатува а на другите места е бесплатен.

5.
Тони Матичевски, дизајнерот со македонско потекло, кој е роден во Мелбурн, минатава сабота имаше видно место во весникот “Хералд сан”. Тој во своето интервју на најубав начин покажа како може да се биде успешен и горд на своето македонско потекло во мултикултурна Австралија.
Кариерата на Матичевски започна во 1997 година, и оттогаш овој 37 годишен моден креатор стана омилен бренд на богатите и познатите. Неговата мода веќе полека станува прочуена и надвор од Австралија. Бpаво маестpо, вpви го патот на светската мода до самиот вpв.

Останати вести