Многу продукти кои се сигурно здрави, под одредени услови можат да предизвикаат епидемии и сериозно да го загрозат здравјето. Што може да се скрие во зелениот зеленчук, млекото, јајцата, школките…
Компири
Правилно приготвениот компир тешко дека ќе предизвика болест, но внимавајте на салатите од компир, особено оние од рестораните. Постои опасност од пренос на бактерии (како салмонела, листерија или Ешерихија коли) од еден продукт, најчесто месо, на компирот.
Јагоди, малини, капини
Верувале или не, откриени се случаи на епидемија на хепатит А во Америка, кои се поврзани со загадени јагоди, а малините се поврзани со бактеријата Cyclospora која предизвикува дијареа (пролив), дехидратација и грчеви.
Туна
Туната може да содржи токсин кој предизвикува грчеви и главоболка. Ако после ловењето туната не е сместена на ладно, може да испушти токсин кој не може да се уништи со готвење.
Зелен зеленчук
Зелената салата, зелката, спанаќот, блитвата, кељот… Колку и да е здрав овој зеленчук, толку може да биде и опасен. Тоа може да биде загадено со ѓубриво, нечиста вода или нечисти раце пред да се најде на вашата трпеза. Затоа е многу важно ваквиот зеленчук многу добро да се измие пред консумирање, како и да се користат посебни даски за сечење зеленчук, а посебни за сечење сирово месо.
Школки
Ако водата од која се извадени е загадена, веројатно и школките се загадени. А такви школки ако се послужени свежи или недоволно варени, може да предизвикаат мачнина, повраќање и пролив.
Јајца
Омиленото јадење за појадок може да биде опасно поради салмонелата. Бактериите може да се кријат во внатрешноста на јајцето, па многу е важно термички добро да се обработи. Јајцата пред консумирање, задолжително чувајте ги во ладилник.
Сирење
Сирењето може да биде заразено со бактерии како салмонела или листерија, која е толку опасна што може кај бремените жени да предизвика абортус.
Сладолед
Сладоледот може да биде загаден со салмонела или стафилокока.
Свежо млеко
Свежото млеко кое на вашата маса доаѓа директно од молзењето на кравата и не е најдобра идеја, бидејќи во вашата чаша би можеле да завршат бројни бактерии како салмонела Campylo-бактерии и Ешерихија коли. Избегнувајте го особено ако сте бремени или имате ослабен имунитет.