Можете да нè посетите на овие денови:
10ти октомври и 24 ти октомври
14 ти ноември и 28 ти ноември и 12 ти декември
од 10 насабајле до 3 попладне
Постарите луѓе, лицата со онеспособеност и нивните грижители од различно културно и јазично потекло се добродојдени да го посетат нашиот центар и да се разонодат со финџал кафе или чај и торта, да поразговараат со други лица од заедницата како и со нашите двојазични работници.
Вработените ќе бидат на располагање да ви дадат информации и да ви пружат поддршка и да одговорат на прашањата за расположивост на услуги и поддршка во вашата област со цел да ви помогнат да живеете независно во заедницата колку што е можно подолго.
ИНФОРМАТИВНИОТ ШТАНД ќе биде на располагање на секоја средба при што ќе можете да разгледате и добиете брошури и памфлети кои ве интересираат.
Нашите двојазични работници кои зборуваат кинески, арапски, италијански, грчки, македонски, босански, српски и хрватски можат да ви пружат индивидуални совети и да ве упатат до соодветните служби.
Регистрирајте се со нашата служба и ќе добивате редовни информативни билтени, покани за средби за дружење, состаноци, информативни средби или придружете и се на една од нашите редовни групи за поддршка на грижителите или социјални групи за дружење.
Нашата служба е бесплатна!
Ни причинува задоволство што лично ќе ве запознаеме.
Бесплатно
– Утрински чај/кафе
– Информации
– Совет
– Поддршка
За повеќе информации на македонски јавете се во среда на 9505 7601 од 10 до 3 часот.
Адресата е : 552 Princes Hwy, Rockdale