Македонците од играорните друштва од Мелбурн и Сиднеј минатиов викенд се собраа заедно да го прослават “11 октомври”.
Денот кога во 1941 година македонскиот народ ја започна народноослободителната борба против фашистичкиот окупатор. Во тоа време Македонија била поделена помеѓу Италија, Албанија и Бугарија. После четиригодишната крвава борба на македонскиот народ во Втората светска војна, во која загинаа над 27,000 луѓе, е создаден темелот на денешна Република Македонија.
Минатава сабота младоста и дружењето беа прекрасни во просториите на социјалниот клуб на Престон Македонија, каде настапија следните уметнички друштва: КУД Танец, КУД Македонка од Сиднеј, КУД Јане Сандански и КУД Светлост.
02 Dec 2024