Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на самитот на Г-20 во Квинсленд во ноември.
Тој ќе оди покрај противењата на некои од земјите, соопштува АФП.
„Разговарав со министерот за финансии на Русија … и тој потврди дека претседателот Путин ќе дојде на самитот на Г-20 во Бризбејн”, рече министерот за финансии на Австралија, Џо Хоки.
Потврдата за учество на рускиот претседател на средбата доаѓа откако претходно Австралија ги залади односите со суперсилата околу уништувањето на патничкиот авион MH17 над Украина. Во тој немил настан загинаа 298 луѓе од кои 38 беа државјани на Австралија .
Против присуството на Путин беа главно земји од Западна Европа, како причина се долготрајните тензии во Украина.
Прајминистерот на Австралија Тони Абот, изјави дека ќе се соочи со претседателот на Русија, и дека ќе му каже дека Австралијани беа убиени од оружје што било дадено на сепаратистите. Абот исто така изрази разочарување околу политичката игра на опозицијата која бараше да се откаже гостопримството за рускиот претседател. На меѓународна сцена прајминистерот Абот беше еден од најгласните политичари што го обвинија Путин за соучество во злосторот.
Лидерот на опозицијата Бил Шортен смета дека има доволно докази “индиректни ако не директни дека Русија е вмешана” во инциденотот во кој загинаа 38 државјани. Сметам дека за интернационален злоставувач не треба да се пушта црвен тепих, и мислам тој не е добредојден во очите на мнозинството Австралијанци.
13 Oct 2024