Работнички игра за историја

Фудбал – квалификации за лига Eвропа 

Победникот на фудбалскиот Куп на Македонија, Работнички, в петок го игра првиот меч од последното квалификациско коло сезонава за пласман во Лига Европа.

Дебармаалци во Скопје го пречекуваат рускиот Рубин од Казан, кој дури во неделата го постигна првиот гол сезонава во руското првенство (победа со 1-0 во 5. коло на гости кај Кубан).
Реваншот се игра седум дена подоцна во Казан. Овој двомеч за Работнички и за македонскиот фудбал е историски, оти ниту еден македонски клуб досега не се пласирал во групна фаза на кој било европски куп. Работнички петти пат во својата историја е на чекор до пласман во групна фаза на Лигата на шампионите или на Лига Европа.
Работнички сезонава прво ја елиминира естонска Флора (0-1 на гости, 2-0 дома), потоа и летонска Јелгава (0-1 на гости, 2-0 дома), а во третото коло и Трабзонспор од Турција (1-0 дома, 1-1 на гости).
Пласманот во групната фаза на Работнички ќе му донесе и значителна премија од Европската фудбалска унија (УЕФА). Досега заработија околу 1,2 милион долари, а само пласманот во групната фаза ќе донесе вкупно околу 3,7 милиони долари.

Останати вести