Најголема смртност од рак на јајниците во руралните подрачја

Жените што живеат во руралните делови на Австралија се со поголем ризик од смрт од рак на јајниците отколку оние што живеат во градовите.

Анализирањето на лекарските податоци од 1,100 австралиски жени, кај кои бил дијагностициран рак на јајниците, покажува дека само 35 проценти од нив биле живи после пет години од дијагнозата. Главната истражителка, Сузан Џордан од Институтот за медицински истражувања QMIR Berghofer, наведува дека пациентките што живееле во регионалните и оддалечените средини на Австралија имале поголема смртност за 20 проценти во споредба со пациентките од градските подрачја.
За ова се смета најмногу влијае доцното откривање и нееднаквиот пристап на лекарска нега.

Останати вести