Во организација на Македонскиот Просветно Училишен Одбор на НЈВ, во Сиднеј по шести пат се одржа натпреварот по рецитирање на македонски јазик за учениците од основните училишта. И оваа година, традиционално, домаќин беше Основното училиште во Карлтон.
Повеќе од сто и седумдесет ученици од македонско потекло рецитираа на чист македонски јазик. Одлично подготвени учениците се трудеа што поубаво да ја изрецитираат својата стихотворба.
Рецитирањето е древна вештина, која се негува во училиштата на македонски јазик во НЈВ. Оваа вештина им овозможува на учениците да ја зголемат својата самодоверба, својата меморија или памтењето, а истовремено и да го надминат стравот од зборување пред други луѓе.
Сите ученици заслужуваат пофалба за вложениот труд, честитки и до вредните наставници кои ги подготвија учениците, а особена пофалба заслужувааат грижливите родители кои најдоа време и во сабота ги донесоа децата на натпреварот.
Жири комисијата во состав Иван Трпоски- поет и хроничар, Кире Пашовски – долгогодишен активист и Славица Ристеска – професорка по македонски јазик во СЦ Когра, потврдија дека сите деца заслужуваат пофалба за својот труд , но одлучија оваа година наградите да ги добијат:
Од забавиште
Милена Стојковска од Carlton PS
Stage 1( 6-8 god)
1. Кристина Савеска од Yagoona PS
2. Тијана Петровска од Carlton PS
3. Никола Петковски од Bankstown PS
Stage 2 ( од 8-10год)
1. Дамјан Димовски од “Filip II” Peakhurst
2. Костадин Игески од MEU “Nikola Karev “Bonnyrigg
3. Тијана Паревска од МЕОU “11-ti Оktomvri”Yagoona
Stage 3: (од 11-13 год)
1. Алексеј Кочовски од ” Kliment Ohridski” Rockdale
2. Филип Трифуновски од Carlton PS
3. Христијан Спировски од ” Kiril I Metodij” Shellharbour”
3. Дамјан Стевановски од ” Brakja Miladinovci” Manly Village
Жаклина Михајлова -Учителката