Раскрварен кенгур побарал помош во аптеката на аеродромот во Мелбурн

Патниците кои се нашле на аердромот во Мелбурн биле вчудоневидени кога во аптеката на терминалот за домашни летови се појавил еден повреден кенгур.

Персоналот на аеродормот се чуделе како кенгурот успеал да влезе во терминалот, но животното кое претходно на раскрсница било удрено од автомобил и кое крварело, успеало да го најде патот до аптеката.

 

Продавачите и вработените во авио-компанијата „Квантас” и припадниците на федералната полиција го задржале кенгурот неколку часа додека не стигнале службениците за заштита на дивите животни и го однеле во ветеринарна станица, јавува агенцијата „Асошиејтед прес”.

Ова не е прв случај кенгур да влезе на аеродромот во Мелбурн, минатата година едно од овие животни е пронајдено како скока во една од гаражите на аеродромот.

Останати вести