Расте бројот на милијардерите во Aзија и Aвстралија

И покрај забавувањето на економскиот раст во Азија и Австралија, овој регион во 2013 имал најголем раст на бројот на милијардери во светот, а во Европа бројот на богаташите се намалил.

 

Бројот на азиски милијардери се зголемил за 18 или на 508, а нивното богатство за 13 проценти на 1,19 билион долари, покажало истражувањето на „Велт- икс”. Во Австралија бројот на милијардери се искачил на 25 од минатогодишните 20.

Во меѓувреме бројот на европски милијардери се намалил за 29, на 766, но нивното богатство пораснало за 3,7 отсто, на 2,2 билиона долари.

Во светот има вкупно 2.170 милијардери, а во просек секој од нив тежи по 3 милијарди долари.

Престолнина на милијардерите и натаму се САД, со 515 или три пати повеќе отколку што има во Kина, која е втората земја на светот по бројот на богаташи. По Kина, следуваат Германија, Велика Британија и Русија.

Најголемиот број милијардери, 87 отсто, се мажи, од кои само еден отсто немаат кој да им ги троши парите, односно не се женети.

Куриозитет е дека на двата најбогати во Австралија Џина Рајнхард и Иван Гиасенберг богатството им е намалено додека сите други милијардери имаат забележано раст на континентов.

Останати вести