Триесеттина олдтајмери – од триесеттите години на дваесеттиот век па навака – блескаа на охридската ривиера, јави ТВМ.
“Опел”, “порше”, “фиат”, “застава”, “БМВ”, “Сааб”… Учесниците се едногласни дека одржувањето на ваквите автомобили е тешко и скапо хоби, но велат дека тоа го прават со огромна љубов.
– Лесно е да се купи ваков автомобил, но тешко да се одржува. Тоа чини премногу и затоа ова е скапо хоби, но треба да се радуваме ние во Охрид затоа што има љубители кои сакаат олдтајмери. Автомобилот што го имам е модел од 80-та година, “порше”. Го користиме до ден-денес и е во добра кондиција. Што се однесува до одржувањето – тешко се наоѓаат делови зашто “порше” е нерасипливо – вели еден од учесниците.
Организаторите од авто картинг клубот “Примо АВЈ” велат дека идејата за оваа ревија е да се поврзе старото со старо, односно старите автомобили со најубавиот стар град на светот. Инаку, триесетината автомобили имаа и едно ревијално возење до хотелот Инекс Горица.
13 Aug 2024