Рики Мартин и Иан Торп се во врска?!

Рики Мартин и пливачот Иан Торп се во врска.

Така барем тврди водителот Питер Форд кој на својот Твитер профил напишал дека пејачот и пливачот се лудо вљубени.

 ” Рики и Иан ќе ја обелоденат својата врска во еден познат магазин. Ова е среќно време за двојката, која се спрема да му ја каже вистината на светот”, стои во неговиот статус.

Сепак, ова не е прв пат да ги поврзуваат Рики и Иан. Откако пливачот јавно откри дека е геј, Рики Мартин го поддржа на Твитер, а веднаш после тоа јавноста почна со наводни шпекулации за нивна врска.

Менаџерто на Иан Торп тврди дека ова е само уште една шпекулација и дека не е вистина.
Еден од најуспешните спортисти на сите времиња, австралискиот пливач и петтократен олимписки шамион Иан Торп (31) пред неколку месеци призна дека е хомосексуалец.
Долго се шпекулираше за неговата сексуална определба, а пливачот во 2012 година во својата автобиографија „Ова сум јас” ги демантираше тие тврдења.
Торп подолго време имаше проблеми со депресијата, во февруари бил примен на рехабилитација, бидејќи користел антидепресиви и лекови против болки за да ги намали болките од повреда на рамото.
Австралискиот пливач има освоено 11 титули на светски првак и 13 пати ги уривал светските рекорди. Со пливање професионално престана да се занимава во ноември 2006 година.

Останати вести