Врската на Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт од Австралија пропадна. Портпаролите на двете славни личности потврдија дека двојката ја откажала свршувачката.
23-годишниот Хемсворт лани и предложи брак на 20-годишната Сајрус. Тие се сретнаа на снимањето на филмот “Последната песна” во 2010 година.
Сајрус, позната по хитовите “Не можеме да престанеме” и “Ѓуле”, ќе издаде нов албум на 8 октомври.
Австралиецот Хемсворт беше една од ѕвездите на “Игри со глад”, а ќе глуми и во продолжението на филмот “Игри со глад: Палење”, чија премиера ќе биде на 22 ноември. Веста за раскинувањето на нивната свршувачка ја објави списанието “Пипл”.
13 Aug 2024